Францускиот претседател Емануел Макрон испрати воен брод кај островот Џерси на Ла Манш, откако претходно Велика Британија испрати два брода да патролираат во регионот поради најавата за блокада на Франција, поради спорот околу правото на рибарење во водите на Ла манш по Брегзит.

Advertisements

Британскиот премиер Борис Џонсон донесе одлука за распоредување патролни бродови откако разузнавачките информации сугерирале дека до 100 француски рибарски бродови ќе го блокираат секој пристап до пристаништето Сент Хелиер.

Ваквиот развој на настаните доаѓа откако администрацијата на островот Џерси минатата недела им издаде дозволи за риболов на француските бродови по новиот систем, воведен по Брегзит. Островот иако не е на британска територија, се води како дел од британската круна, но со сопствена автономија. Се наоѓа на приближно 20 км од брегот на Нормандија, и 160 км од Велика Британија.

Според новите правила што Џерси ги воведе врз основа на трговскиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија, сопствениците на француски чамци мораат да докажат дека и претходно ловеле риби во водите околу островот.

Француските власти тврдат дека „новите технички мерки“ за риболов околу островите Ла Манш не биле разгледани со ЕУ и оценуваат дека тие се законски „ништовни“.

Извор: Гардијан