Британската полиција денеска соопшти дека пронашла жена која исчезнала од градот Ковентри пред 52 години.
Шејла Фокс, која исчезна од Ковентри во 1972 година кога имала 16 години, е безбедна и живее во друг дел од земјата, соопшти полицијата на Вест Мидленд.
Во декември, полицијата упати нов апел за помош во пронаоѓањето на Фокс и објави нејзина фотографија од времето на нејзиното исчезнување на нивната веб-страница и социјалните мрежи.
Во рок од неколку часа по објавувањето, граѓаните ја контактирале полицијата со информации за Шила Фокс, пишува Би-Би-Си.
„Секое исчезнато лице има приказна, а нивните семејства и пријатели заслужуваат да знаат што се случило со нив и, се надевам, да се обединат со нив“, рече наредникот Џена Шо, кој учествуваше во истрагата за случајот, пренесува Танјуг.
Засега не е познато под кои околности Фокс исчезнала во 1972 година.