Министерството за здравство на Полска денес соопшти дека во земјата започнува третиот бран на инфекции со вирус на корона, и оти има нагло зголемување на дневните случаи од недела во недела, пренесува Ројтерс.
– Ние сме на почетокот на третиот бран, тој не е толку динамичен како во Словачка или Чешка, но за жал, забележуваме раст од 20 проценти од недела во недела, а во 10 проценти од сите случаи утврдивме дека е Британска сој – рекол владиниот портпарол, Војчех Андрушевич пред новинарите.
– Advertisement –
Полска олесни некои ограничувања, неодамна ги отвори скијачките центри, како и кината, хотелите и театрите со капацитет до 50 проценти, но властите предупредија дека овие мерки можеби ќе треба да бидат укинати во зависност од состојбата.
Денес, Полска објави 8.777 нови случаи на коронавирус и 241 смртни случаи поврзани со ковид-19.