Беки Холт од Велика Британија решила да го покрие речиси целото тело со тетоважи, а потрошила околу 35.000 илјади фунти на нив. А како што тврди, откако на крајот на минатата година станала мајка, сè потешко се справува со негативните коментари за нејзиниот изглед на социјалните мрежи.

33-годишната Холт има над 50.000 следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ благодарение на својот уникатен изглед.

Иако, како што вели, ужива во својата популарност, сепак, откако станала мајка, постојано се соочува со брутални коментари на социјалните мрежи токму заради физичкиот изглед, пишува „The Sun“.

Ми велат дека сум си го уништила телото, дека порано сум била поубава, дека сум дебела, грда, глупава, ментално болна, желна за внимание и најлошото од сè – лоша мајка и лош пример за дете“, вели Беки.

Една навреда дури и ме насмеа – ми рекоа дека изгледам како „измиена“ порно актерка. Се разбира, многу пати имам слушнато дека ќе жалам што направив толку тетоважи. Не знам зошто луѓето имаат потреба да бидат толку лоши кон некој што никогаш не го ни запознале. Треба да шириме љубов, особено во овие тешки времиња, а не омраза“, порача таа.

Беки вели дека не планира да ги тргне тетоважите и се обидува да не ја погодува целата оваа негативност, но предупредува дека другите корисници на социјалните мрежи можеби не се толку силни…