Задолжителна вакцинација против ковид за сите вработени во домовите за стари и изнемоштени лица во Британија, најавија тамошните здравствени власти. Оние пак кои одбиваат да се вакцинираат ќе треба да си најдат друга работа, рече британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.

Advertisements

Тој ги отфрли барањата на домовите за привремено суспендирање на одлуката за задолжителна вакцинација на вработените во домовите поради можноста некои домови да не можат да функционираат доколку останат без дел од работниците.

Надра Ахмед, претседателка на Националната асоцијација за нега, побара од Владата да даде рок до 11 ноември како краен датум до кога вработените треба да добијат две дози од вакцината. Меѓутоа, Џавид рече дека оние кои не се подготвени да се вакцинираат не треба да работат во домови за стари и изнемоштени лица.

Прикажи повеќе