Велика Британија стана првата земја што ја одобри вакцината против Ковид-19 која е ефикасна и против оригиналната и против микронската варијанта на корона вирусот.

Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) ја одобри таканаречената бивалентна вакцина произведена од американската фармацевтска компанија Модерна, како бустер вакцина за возрасни, објави Ројтерс.

Одлуката на агенцијата се заснова на податоци од клиничките испитувања, кои покажаа дека вакцината предизвика силен имунолошки одговор против Омикрон (БА.1) и оригиналниот вирус од 2020 година, се вели во соопштението.

MHRA исто така изјави дека анализата покажала дека вакцината генерирала добар имунолошки одговор против моментално доминантните омикронски соеви BA.4 и BA.5.

Првата генерација на вакцина против Ковид-19 што се користи во Обединетото Кралство продолжува да обезбедува важна заштита од болести и спасува животи, се вели во соопштението на извршниот директор на MHRA, Џун Рејн.

Според неа, оваа бивалентна вакцина ќе ги заштити луѓето од корона, додека вирусот продолжува да се развива.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.