Британската агенција за лекови и здравствена заштита денеска ја одобри вакцината на „Модерна” против коронавирусот, што е трета вакцина одобрена за употреба во таа земја.
Велика Британија нарача седум милиони дози од таа вакцина, која е одобрена од регулаторите во ЕУ и САД, пренесува Би-Би-Си.
Како што е наведено, вакцината на „Модерна” е слична верзија на вакцината произведена од „Фајзер” и „БиоНТек” и покажа подеднакво добри резултати во последната фаза од клиничките испитувања со ефикасност од 94 проценти.