
Британското здравствено регулаторно тело ја одобри денеска употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата.
Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра Зенека.
– Вакцината на Џонсон и Џонсон ќе игра важна улога во наредните месеци при нашите напори да ги охрабриме сите да примаат доза и евентуално да влезат во програмата за засилување (трета доза на вакцината), изјави британскиот министер за здравство Мет Ханкок.
Вакцината на Џонсон и Џонсон е одобрена во САД и Европската унија, каде што се забележани ретки случаи на згрутчување на крвта и се вршат анализи.