Британскиот комичар и писател Ричард Стот одбил интервју за позиција копирајтер кога дознал дека разговорот ќе го води вештачка интелигенција, а не човек. Според него, тоа е непочитување кон кандидатите, па ја повлекол пријавата – што поттикна широка дебата за улогата на вештачката интелигенција (ВИ) во процесот на вработување, јави „Би-Би-Си“.
„Ако нивното време не вреди за разговор во живо, тогаш ни позицијата не вреди за моето,“ изјави Стот, додавајќи дека личноста и човечката интеракција се незаменливи.
Иако признава дека ВИ може да биде корисен за технички задачи, смета дека „интервјуто лице в лице е непроценливо“.
Стручњаците се согласуваат дека, иако компаниите се повеќе го користат ВИ во регрутацијата, „човечкиот елемент не може да се замени“, бидејќи робот не може да ја процени личноста и потенцијалот на кандидатот.
Текстот Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција е превземен од МАКФАКС.























