Нема докази дека алкохолот по вакцинирањето против ковид влијае на ефикасноста на вакцината, објави Британската агенција за регулирање на лекови (MHRA), која реагираше по тврдењата на социјалните мрежи дека е потребно да се воздржуваte од алкохол две недели по вакцинирањето .
Досега нема докази дека алкохолот влијае на ефективноста на вакцините против ковиди, соопштиле од MHRA.
Исто така, ништо во информациите од производителите на вакцини или во упатствата на Британската здравствена служба (NHS) не сугерира ваков заклучок.
Се верува дека теоријата за две недели апстиненција од алкохол по вакцинацијата започна од Русија, каде што еден од челниците јавно предупредил дека алкохолот може да му наштети на способноста на организмот да развие антитела.
Илхем Месауди, директорка на Центарот за истражување на вируси на Универзитетот во Калифорнија, вели дека голема потрошувачка на алкохол генерално го нарушува имунитетот и го прави потрошувачот ранлив на инфекции.
Но, кај луѓето кои консумираат алкохол во умерени количини, нема ризик, истакнала таа, објаснувајќи дека не повеќе од два алкохолни пијалоци на ден за мажи и еден за жени се сметаат за умерено конзумирање.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.