Светските лидери и граѓаните ширум светот и оддаваат почит на кралицата Елизабета Втора, која почина во на 96-годишна возраст. Илјадници луѓе се собраа во Лондон пред Бакингамската палата, положувајќи венци .

Цвеќе се положува и во близина на домот на кралицата во замокот Виндзор и пред другите замоци во Обединетото Кралство во чест на кралицата која беше на тронот 70 години. Знамињата беа спуштени на половина копје ширум светот, вклучително и во Вашингтон, Берлин и Брисел, а во Париз на полноќ беа исклучени светлата на Ајфеловата кула.

Светските лидери го истакнуваат придонесот, посветеноста, издржливоста и смислата за хумор на кралицата Елизабета. Американскиот претседател Џо Бајден – кој првпат се сретна со кралицата пред 40 години – рече дека таа е „повеќе од монарх – таа дефинираше ера“. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, рече дека таа е „кралица со добро срце“ и „пријател на Франција“. Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „нејзината посветеност на германско-британското помирување по ужасите на Втората светска војна не се заборава.“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека „емпатијата и способноста на кралицата да се поврзе со секоја генерација, додека останува цврсто вкоренета во традицијата, е пример за вистинско лидерство“. Кралицата Елизабета Втора го презеде тронот во 1952 година. Наследник е синот Чарлс, поранешниот принц од Велс, кој ќе биде познат како кралот Чарлс III./Alsat.mk

Мелихате Рустеми