Селекторот на Македонија, Данило Брестовац ги соопшти имињата на ракометарите на кои ќе смета за Светското првенство во Египет.
Меѓу патниците се најдоа 20 ракометари меѓу кои ќе има и седум дебитанти.
Првпат на едно големот натпреварување ќе играат Мартин Томовски, Никола Даниловски, Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Дарко Георгиевски и Михајло Младеновиќ.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА
ГОЛМАНИ: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Никола Даниловски (Охрид)
ЛЕВИ КРИЛА: Димитар Димитроски (Вардар), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2)
ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Поповски (Амичитија Цирих), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер), Михајло Младеновиќ (Металург)
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Горан Крстевски (Фочани)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург)
ПИВОТИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Жарко Пешевски (Штутгарт)