По речиси пет-годишната судска битка, Бред Пит конечно доби заедничко старателство над неговите шест деца со Анџелина Џоли, пренесува „Пејџ Сикс“. Сепак, се шпекулира дека станува збор за „привремена одлука“, а Џоли ја продолжува својата правна борба.

EPA EFE
Фото: :EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

По неколку месеци сведочења на експерти за услуги за деца кои разговарале со нивните деца, Џон Одеркрик, приватен судија ангажиран од поранешната двојка да го надгледува случајот, јасно го изнел своето мислење за пресудата.

„Имаше значителна промена во договорите за притвор заснована на исклучително деталната одлука донесена од судијата“, открива извор „Пејџ Сикс“ и додава, „Бред само се обидуваше да има повеќе време со своите деца – и беше јасно дека Енџи стори сé што е можно за да го спречи тоа.“

Друг избор пак открива дека заедничкото старателство не е единственото прашање на кое Анџелина се спротивставува, туку дека постојат и други нешта што загрижуваат, но судската постапка е затворена и запечатена.

Џоли, која минатата година побара го дисквалификува Одеркирк од случајот со разводот – во поднесокот во понеделникот изјави дека судијата одбил да им дозволи на „малолетните тинејџери да сведочат за нивните искуства, потреби или желби за судбината на старателството“ повикувајќи се на калифорнискиот код кој вели „потребно е детето да има 14 или повеќе години за да има дозвола да сведочи доколку сака“. Џоли исто така тврди дека Одеркирк одбил да слушне докази за кои таа тврди дека се релевантни за безбедноста и благосостојбата на децата.

Фото: Профимедиа

Три од децата на Џоли и Пит се тинејџери, 17-годишната Пакс, 16-годишната Захара и 14-годишната Шајло. Најстариот, Медокс, сега има 19 години и не е предмет на одлуката за старателство. Тие исто така имаат 12-годишни близнаци, Вивиен и Нокс.

Пит беше обвинет од извори блиски на Џоли дека бил насилен кон неговиот тогаш 15-годишен син Медокс за време на летот од Франција кон САД, но никогаш не биле покренати обвиненија против него.

Адвокатот на Џоли тогаш рече дека барала развод со цел да го зачува „здравјето на семејството“, но според судијата, на сведочењето на Џоли му недостасувало кредибилитет во многу важни области и постојната наредба за старателство морала да биде изменета, во согласност со барањето на Пит, во најдобар интерес на децата.