Едсон Арантес до Насименто – Пеле, почина на 82-годишна возраст, откако еден месец престојуваше во болница. На бразилската ѕвезда во 2021 година и беше дијагностициран рак на дебелото црево и во неколку наврати мораше да биде хоспитализиран.

Advertisements

Најголемите ѕвезди на фудбалот и политичкиот живот преку нивните официјални профили на социјалните мрежи се простија од Пеле. Најемотивни пораки испратија Нејмар и Кристијано Роналдо, а од Бразилецот се простија и Лео Меси и Килијан Мбапе. Не изостанаа пораки и од Мајк Тајсон, Зинедин Зидан, Франк Бекенбауер и други спортски и политички ѕвезди.

„Човекот кој танцуваше со топката и направи фудбалот да изгледа толку лесен за игра и забавен за гледање. Неговата 10-ка ќе остане засекогаш во сеќавањата на сите љубители на фудбалот“, напиша Муамед Сејдини, претседателот на Македонската фудбалска федерација.

Инаку, Пеле го однесе Бразил до врвот на фудбалот и стана глобален амбасадор на фудбалот на улиците на Сао Паоло, каде почна да игра со импровизирани топки од чорапи исполнети со весници или партали.

Легендата на Бразил е родена на 23 октомври 1940 година. На 15 години дебитираше со тимот на Сантос против Кубатао каде постигна гол. Неговото деби за Бразил се случи на Светското првенство во Шведска во 1958 година, каде што на 17 години стана најмладиот играч што го освоил Светското првенство. Во финалето Бразил победи со 5-2, а Пеле постигна два гола.

Во 1962 година, во Чиле, беше неговото второ Светско првенство. Но, таму Пеле беше повреден иако Бразил повторно стана шампион. Во меѓувреме, во 1970 година, Пеле повторно ја допре славата. Бразил влезе во финалето на Светското првенство во Мексико против Италија. И по трет пат ја кренаа титулата. По овој триумф, ФИФА реши да го донира трофејот „Жил Риме“ кој денеска се проценува на 1 милион долари.

Да потсетиме дека Пеле последниот натпревар со неговиот Бразил го одигра против Југославија на 18 јули 1971 година. А својата фудбалска кариера ја заврши со вкупно 1.283 гола за Бразил и неговите клубови Сантош и Космос. Во 2013 година Пеле ја доби „Златната топка на честа“ за кариера полна со успеси./Alsat.mk

Махир Тачи

.