Рене Рамос, брат и агент на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, објави на Твитер дека фудбалерот нема да го продолжи договорот со клубот.
– Некој треба да објасни како и зошто стигнавме до точката кога клубот дозволи капитенот и една од легендите на Реал, да се најде во групата на фудбалери кои, од 1 јануари, можат да преговараат со други тимови !!! – стои во пораката.
Тековниот договор меѓу Шпанецот и клубот од Мадрид истекува во летото 2021 година.
Претходно беше објавено дека страните не можат да се договорат за големината на платата на играчот. Беше објавено дека Рамос сака два милиона евра бонуси доколку одигра 30 натпревари за Реал Мадрид во 2022 и 2023 година. (МИА)