Братот на познатиот саксофонист Ице Атанасовски негира дека тој починал од корона. Вели, со два негативни теста го лекувале од корона, иако проблемот бил сосема друг. Вели почина од несовесноста на некои индивидуи во Битолската болница.
Мојот брат Ице Атанасовски, денес мора да го наречам покоен, а не морав. Немаше да биде покоен ако Интерното одделение од болницата во Битола покажеше барем малку грижа и основна хуманост. Го однесовме на нозе, за 10 дена со амбуланта кола ни го дадоа едвај жив.
Со денови ги молевме да го пуштат Охрид, Скопје, некаде, тие дури ни викаа навредени, дека биле способни да го лечат. А тој ден за ден пред очите ни се топеше. Дури ни рекоа ако го земиме и не го примаат некаде, кај нив да не сме го враќале… Не можеа да му направат обично снимање на срцето 10 дена, ниту нешто што би му помогнало. Само лежеше, едвај и да влегуваа во соба. За на крајот да го снимаат конечно, да ни кажат мора да оди итно Скопје, ама не се знае дали патот ќе го преживее…
Па зошто тогаш не се јавија кај колегите Скопје да кажат каков пациент иди? Не ни дадоа ништо, ни што примал, ни како примал, докторите Скопје мораа да почнат од почеток се пред да го оперираат. Каде им е душата и човечноста?? Брат ми издржа 5 операции на срце, ама штетата што беше направена Битола му го уништи организмот за да не може да закрепне од операциите. И сега?? И пак никој нема да одговара што него го снема на 43 години, оти тие беа неспособни да признаат дека НЕ се способни??? Дали некогаш нешто ќе профункционира, дали докторите на интерно ќе престанат да се однесуваат како ние да сме ништожни и безвредни?? Дали некогаш ќе почнат да го ценат човечкиот живот?“, прашува братот на Ице, Борче, не очекувајќи одговор.
Борче Атанасовски,
брат на Ице
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.