Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања, велат за МИА од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавоста дека тој планира да формира политичка партија.
Премиерот Зоран Заев денеска на прашање околу ставот дека Црвенковски ќе формира нова партија, изјави дека не верува во приказните дека поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ ќе формира нова партија.
-Тоа треба дефинитивно да го прашате него, а јас го кажувам заради тоа што тој е еден од основачите на СДСМ и претседател на партијата долг период. Бил премиер, а преку честа да го води СДСМ бил претседател на државата и е наш општественик. Верувам дека шпекулациите се присутни заради тоа што во Охрид се најавува нова листа од наши докажани социјалдемократи, рече премиерот Зоран Заев во одговор на прашање при денешното пуштање во работа на реконструираната полициска станица во Ресен.