Актерот, режисер и поранешен министер за култура на Србија, Бранислав Лечиќ деновиве се соочува со тешки обвиненија откако Даниела Штајнфелд го обвини за сексусално злоставување, а неколку дена подоцна се огласи и водителката Христина Стоиљковиќ со тврдење дека добивала вознемирувачки пораки и повици од Брансилав.
65-годишниот Лечиќ се огласи преку своите профили на социјалните мрежи обидувајќи се повторно да го „коментира“ скандалот.
Имено, актерот во својата објава првично им се заблагодари на сите што се со него во овие моменти, но откри и дека се уште не добил повик од обвинителството.
„Им благодарам на сите добри луѓе за поддршката, особено на сите на социјалните мрежи“, напиша Лечиќ додавајќи „Јас сè уште го чекам повикот на обвинителството“.
Многумина испратија зборови на поддршка до актерот, изјавувајќи дека не веруваат во наводите на Даниеала, но многу побројни се оние кои го осудија за обвинувањата на Штајнфелд.
Актерот во соопштението до јавноста изјави дека станува збор за „одвратна лага“.
„Апсолутно го почитувам законот и правните институции на оваа земја и подготвен сум во секое време да одгоорам на ваквото обвинување во Обвинителството. Ова е најодвратната лага што ме дескредитира“, вели Лечиќ.
Уште една жртва на Бранислав Лечиќ: Се огласи и српската новинарка Христина Стоиљковиќ!