Во вчерашната емисија “Во центар”, економскиот аналитичар од Виенскиот институит и поранешен основач на партијата Левица го спореди Димитар Апасиев со политичари од типот на Курти од Косово, објаснувајќи дека нему најважно му е луѓето да му ставаат лајкови на фејсбук.

Јовановиќ укажа на опасноста од овој тип на политичко однесување потенцирајќи дека оние кои од Велес креираа лажни вести за Трамп, денес истото го прават за Левица.