Аналитичарот Владимир Божиновски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека во однос на кандидатите кои ќе влезат во вториот круг од претседателските избори, многу веројатно е да гледаме реприза на претходните избори.
„Тука се завршува репризата, сосема се поинакви односите од она што беше 2019“, додаде Божиновски.
Како што е познато, тогаш во втор круг влегоа Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Дафкова од ВМРо-ДПМНЕ.























