Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше побрз од другите Ф1 возачи на денешниот прв слободен тренинг пред трката за Големата награда на Италија.

Ботас го постигна најбрзиот круг на патеката „Имола“ на меки гуми, со време од 1:16,564 минути.

Второто место му припадна на седумкратниот светски шампион и клупски колега од Ботас, Британецот Луис Хамилтон со време 0,041 секунди, додека третото место му припадна на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со време 0,058 секунди.

Денешниот тренинг беше прекинат за прв пат на 22 минути пред крајот, откако возачот на Ред Бул, Серхио Перез му пукна гума на патеката, а потоа друг возач влета во остатоците, оштетувајки ја предната суспензија на болидот.