Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 вечерва ја информира македонската спортска јавност дека ја прекинува соработката со тренерот Андон Бошковски.
-Денес, 15 јануари 2021 година престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Андон Бошковски.
На Бошковски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развој на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани, стои во соопштението на суперлигашот.
Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение на тренерската позиција. (МИА)