Наместо босански, јазикот е изменуван како Бошњачки во електронскиот образец за попис. Поради ова стигна реакција од Бошњачкиот демократски сојуз. Од оваа партија велат дека неколку пати реагирале до институциите на Северна Македонија, како што се Влада, МВР, но како што велат оваа грешка постојано се повторува. Од БДС ги повикуваат сите надлежни институции веднаш да ја исправат оваа грешка, односно наместо Бошњачки, да се промени во Босански јазик.  Доколку тоа не биде сторено, БДС ќе ги повика Бошњаците од Северна Македонија да го бојкотираат пописот. Бараат од сите институции на Северна Македонија еднаш и засекогаш дека никој нема право да го менува национален и верски идентитет и дека институциите се обврзани тоа да го почитуваат и применуваат.