Бошњачкиот демократски сојуз го поздравува усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница на седницата на ОН. Резолуцијата ја претставува значајната симболика и моралната одговорност на меѓународната заедница кон жртвите на геноцидот во Сребреница во јули 1995 година. Усвојувањето на Резолуцијата претставува израз на солидарност со семејствата на жртвите на геноцидот во Сребреница, а може да послужи и како основа за понатамошни чекори кон правдата, помирувањето и градењето мир во регионот.

Со усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница, меѓународната заедница ја покажува својата посветеност на вредностите на правдата, вистината и човечкото достоинство, потврдувајќи дека злосторствата и геноцидите како оној во Сребреница нема да бидат заборавени или толерирани.

Бошњачкиот демократски сојуз изразува благодарност до Владата на Република Северна Македонија, како и до министерот за надворешни работи, г-дин Бујар Османи, што Република Северна Македонија е една од земјите коспонзори на Резолуцијата за Сребреница.