Сулејман Имамовиќ, дански државјанин со потекло од Босна и Херцеговина, е човекот кој синоќа се обидел да ја отвори вратата на патнички авион кој патувал од Билунд (Данска) до Тузла (Босна и Херцеговина). Причината за неговиот обид, според видеата кои ги снимиле дел од патниците, е што летот бил пренасочен кон Белград, бидејќи густата магла во Тузла не дозволувала слетувања.

Имамовиќ е уапсен по слетувањето во Белград и против него е поднесена кривична пријава и тоа за делата – загрозување на безбедноста во авиосообраќајот но и за поттикнување национална, расна и верска нетрпеливост.

Како што пишуваат повеќе балкански медиуми, инцидентот се случил во авион на Визер. Откако на патниците им било соопштено дека авионот не може да слета во Тузла поради густата магла и дека ќе слетаат во Белград, еден од патниците станал од своето седиште и се обидел да ја отвори вратата од авионот.

Со помош на другите патници и персоналот во авионот, тој бил совладан и спречен во намерата. Но, тука не завршува инцидентот.

Зошто ме водите во Србија?

„Да ви ја е..м мајката српска… да ви ја е..м мајката балиска…зошто ќутите… зошто ме водите во Србија?“. Ова се само дел од навредливите зборови со кои Имамовиќ им се обраќа на останатите патници откако не успеал да ја отвори вратата.

Потоа, како што може да се види и од видеото, Имамовиќ плука кон дел од патниците.

Останатите патници се обидуваат да го смират, но тој им одговара – „Нема да се смирам. Ќе го срушам авионот. Ќе се самоубијам, ќе ја убијам и жената и детото. Но, ќе ви е..м мајка на сите“.