Вечерва играчите на Борусија Дортмунд се пласираа во полуфиналето од Купот на Германија.
Во четвртфиналниот натпревар Милионерите остварија минимален триумф на гостувањето кај Борусија Моенхенгладбах (1:0).
Единствениот гол го постигна Џејдон Санчо во 66. минута, а претходно ВАР го поништи голот на Ерлин Халанд затоа што направи фаул во нападот.
Видовме неколку навистина добри шанси на двете страни и вистинско чудо е што на крајот само еднаш се затресе мрежата.
