Претседателот на европското движење во Франција, Ив Бертончини вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека можеби за жал темата за нови членки во Европската Унија не е популарна тема затоа што во Франција има една своевидна носталгија за помала Европа која што би наликувала на Франција.
„Но поголема, и немаат ништо против Северна Македонија, но Французите ја сакаат повеќе Унијата од претходно. Но, откако сме го кажале тоа, претседателот на француската Република беше јасен, претседателските избори се зад нас и тој нема никаква дополнителна причина дури и ако сака да управува со јавното мислење, сега тој има геополитичка визија за нештата и мислам дека истото се случува и со Данска и со Холандија затоа што работите многу се променија со војната во Украина и сега треба Европа да се зајакне, да се зајакне нејзината сувереност спроти руската агресија но и спроти други опасности, на пример зголемената моќ на Кина и така натаму“, вели Бертончини.
Според него, „ако Бугарија е задоволна што постои тој билатерален спор, а сепак има преговори што се водат со Северна Македонија и ако тие преговори успеат и ако Бугарија во таков контекст и со толкав геополитички притисок ако сака да го задржи своето вето, политички ќе ја чини многу скапо“.
„Но јас не мислам дека таа може да си го дозволи тоа“, вели Бертончини.