Лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, вели дека проблемите помеѓу двете земји можат да бидат решени. Како што вели тој, за да има поддршка Северна Македонија од Бугарија за почеток на преговорите, бугарското малцинство мора да биде внесено во Уставот на Северна Македонија.

-Северна Македонија нема поблизок пријател од Бугарија. Треба да најдеме начин да ги поправиме нашите односи. Целиот демократски свет ѝ се смее на нашата лоша дипломатија. За нас е важно Северна Македонија да влезе во ЕУ, додаде тој.