„Прескокнување“ на Комисијата за надворешна политика, свикување на пленарна седница на Собранието и уште денеска да се изгласа францускиот предлог за кревање на бугарското вето за Македонија за отпочнување на процесот на преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), предложи лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во видеообраќање со своите сопартијци.

„Вчера решивме да дадеме зелено светло за Северна Македонија. Тоа очекувавме уште денеска да влезе во пленарната сала, без игри и финти, а не да си играме со одолговлекувања. Престанете да кажувате квалификации. Храбар сте, кул сте, ставете го предлогот во сала. Ќе го освоите аплаузот од целиот Европски совет“, рече Борисов.

Според него, тоа ќе доведе до посилен Западен Балкан.

Борисов призна дека во документите има работи што треба да се појаснат и разјаснат, меѓутоа идните генерации ќе знаат дека Бугарија не е причината за суспензијата на Македонија и Албанија во ЕУ.

„Денеска е историски ден за Европа и светот, бидејќи има можност Украина, Молдавија, РС Македонија, Албанија и Грузија со различни статуси да влезат во Унијата и да ја направат посилна“, порача Борисов.

Тој изрази незадоволство од објаснувањата од премиерот во оставка, Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

„Денеска е историски ден за Европа и за светот, бидејќи има можност Украина, Молдавија, Македонија, Албанија и Грузија со различни статуси да влезат во Унијата и да ја направат посилна“, порача Борисов.