Одлуките што Република Бугарија и Република Северна Македонија мора да ги донесат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство не смеат да се одложуваат – како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина. Ова е главниот заклучок околу кој се согласиле премиерите Заев и Борисов, во нивниот последен разговор, соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Преку својот профил на Фејсбук, бугарскиот премиер денеска објави дека разговарал телефонски со неговиот колега Зоран Заев.
„Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме дека одлуките што двете земји треба да ги земат во духот на Договорот за соседство и пријателство не треба да се одложуваат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина “, пишува Бојко Борисов.