Бугарските политичари, бугарската држава и сите партии сме единствени по прашањето за добрососедските односи меѓу Бугарија и РС Македонија. Ова го изјави првиот човек на ГEРБ, Бојко Борисов, по веста дека Албанија ќе ги започне суштинските преговори со ЕУ на 15 октомври годинава, пренесува Трибуна.
,, Секој кој што ги нарушува ( односите, бел. уред.) ќе ја понесе својата одговорност”, дециден е Борисов.
Борисов е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент. Од материјалот на БГНЕС станува јасно дека сите партии во бугарскиот Парламент едногласно го прифатиле текстот на Декларацијата за односите на Бугарија со РС Македонија. Текстот е прифатен со мали поправки од сите 14 членови на Комисијата.
Од своја страна лидерот на ,, Продолжуваме со промената “ и поранешен бугарски премиер Кирил Петков, изјави дека времето покажало дека францускиот предлог бил многу добар за Бугарија, бидејќи целата Европска унија застанала на страната на Бугарија.
,, Република Северна Македонија треба да одлучи дали сака да ги прими Бугарите во својот Устав или да го затвори својот пат кон Европа. Јас многу се надевам дека тие ќе се предомислат , бидејќи тоа што се случи во моментот е дека Албанија се оддели од нив и ќе го продолжи својот пат кон Европа побрзо”, подвлече Петков.
Претседателот на партијата на Слави Трифонов ,,Има таков народ”, Тошко Јорданов , изјави дека РСМ никогаш нема да ги започне преговорите за членство во ЕУ ако не ги прими Бугарите во својот Устав. Според него нема ништо невообичаено во тоа РС Македонија да биде таму каде што е, надвор од Европската унија.
,, Северна Македонија не одговара за прифатените обврски кои сама ги потпишала во преговорната рамка. Поради тоа тие не можат дури ни да се надеваат да почнат преговори. Воедно со тоа и со непремерените изјави на нејзините раководители и безумното барање што го направија во Европскиот Парламент за предоговарање и некаков француски предлог плус”, изјави Јорданов и подвлече дека тоа нема да се случи.