Кон крајот на минатото лето, во јавноста протече вест за љубовниот крах помеѓу музичарот Борис Новковиќ (53) и 25 години помлада студентка по моден дизајн Ирис Волф, но парот неодамна сфатил дека не можат еден без друг.
Познатиот кантавтор и „Најсекси Хрватка 2015“ повторно живеат на иста адреса, но тоа не е единствената радосна вест со која деновиве можат да се пофалат. Кантавторот и неговата избраничка го очекуваат нивното второ дете, кое треба да се роди следниот месец, а исто така открија дали нивната ќерка Си ќе добие брат или сестра.
„Вистина е, семејството расте“, ја потврди добрата вест Новковиќ за „Стори“, откривајќи го полот.
„Сите сме среќни, следниот месец ни пристигнува уште едно момче“, рекол музичарот, кој со Волф веќе ја има двегодишната ќерка Си, додека со неговата поранешна сопруга, новинарката Луција Матиќ, има два сина, 11-годишниот Ноа и осумгодишниот Боно.
Новковиќ раскажал и дека браќата и сестрата се исто така возбудени поради зголемувањето на семејството и дека неговата сопруга Ирис ја изнела бременоста во најдобар ред, а открил и дека веќе одбрале име за синот, но одлучиле да го задржат за себе.
Инаку, лани летото медиумите објавија дека Борис и Ирис се разведуваат, што тој го демантираше на својот Фејсбук.
Борис зад себе има три неуспешни брака, а освен со мајката на своите синови, тој беше оженет и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ и со политикологот Инес Катиќ.