Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград.
Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружена банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.
-Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат, рече Борел.
Тој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.
-ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово, рече Борел.