Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека последната ратификација на членството на Шведска во НАТО е завршена.

„Сега 23 земји-членки на ЕУ ќе бидат дел од Алијансата“, напиша тој на платформата Х (Твитер).

Борел истакна дека тоа ги прави ЕУ и НАТО посилни и го охрабрува стратешкото партнерство ЕУ-НАТО.