ЕУ го осудува одржувањето на незаконски „референдуми“ и нивниот фалсификуван исход, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
– Ова е уште едно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на систематско прекршување на човековите права. Ја поздравуваме храброста на Украинците, кои продолжуваат да се спротивставуваат и да даваат отпор на руската инвазија, нагласи Борел.