Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека ЕУ го осудува руското неселективно и незаконско бомбардирање на цивилите во Украина.
-ЕУ го осудува продолжувањето на неселективното и нелегалното бомбардирање на цивили и цивилна инфраструктура извршено од руските вооружени сили… Не може да има неказнивост за воените злосторства, рече Борел по денешниот напад на Лавов.
Украински функционер денеска изјави дека ракетите врз Лавов биле истрелани од авион од правец на Каспиското Море и дека според последните податоци во нападот загинале седум лица.
Според Би-Би-Си, врз Лавов биле истрелани четири ракети. Три удриле во магацини и еден во гаража за поправка на автомобили.