Боречкиот клуб „Олимпија“ од Штип доби спортски тепих во рамките на проектот „Заштита на младите од современите опасности преку подобрување на спортските активности на локално ниво“, финансиран по програмата Бугарска помош за развој, јавува БТА, пренесува Трибуна.
Во спортската сала на ОУ „Славејко Арсов“, амбасадорот на Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, ја врачи донацијата на клубот во кој тренираат 25 деца и младинци до 15 години од Штип.
Клубот „Олимпија“ соработува со боречки клубови од Бугарија и со Националната спортска академија во Софија.























