Тоа што претходно го најави, Кочо Анѓушев денеска и го оствари и официјално го извести тимот на Борец дека се повлекува од финансирање на прволигашот.

Раководството на клубот на денешниот состанок потврди дека компанијата Брако се повекува од натамошното финансирање и за тоа се информирани и фудбалерите кои добија дозвола да си заминат како слободни играчи.

Анѓушев неодамна на Собранието на ОФС Велес искажа незадоволство од состојбите во македонскиот фудбал и бараше ФК Борец да биде вклучен поактивно во општинското собрание, а со тоа и во највисокиот орган на ФФМ.

фото: ФК Борец Велес