Многу од болниците, посочи министерот, ќе добијат опрема каква што досега никогаш немале: ехо апарати, најсовремени дигитални рендген апарати, така што останува здравствениот систем целосно подготвен, а и кадарот исто така. Нагласи дека размислуваат и за другите проекти.

Борбата со ковид кризата ќе продолжи и на почетокот на следната година иако сега тендециите се такви да бројките укажуваат на тоа дека епидемијата на некој начин спласнува, помалку пациенти во болниците, повеќе термини за тестирање, се повеќе слободни болнички кревети, дури некои одделенија ќе се вратат во стариот претходен нормален режим на работа. Меѓутоа тоа не значи дека ние целосно ќе се опуштиме сепак оваа борба досега не научи дека вирусот е многу непредвидлив и дека може да се случат изненадувања и понатаму и ние мораме да бидеме подготвени.

Ова попладнево го истакна министерот за здравство Венко Филипче на конференцијата на ЦИВИЛ, насловена „Перспективи 2021″. Тој се осврна на сработеното годинава и ги најави новите инвестиции во здравствениот систем на територијата на целата држава, што ќе го решат проблемот во области каде унапредувањето на здравството е неопходно.

– Почнавме со зајакнување во рамките на здравствениот систем во еден дел кој значи справување со пациенти со Ковид-19, меѓутоа еден многу специфичен дел заради тоа што овој тип пациенти бараат интензивно лекување. Да се зајакнат здравствените институции, јавно здравствените установи во делот кој значи интензивно лекување е навистина најкомплексниот и најтежок дел, бидејќи тој тип лекување бара најмногу и експертиза и знаење и опрема. Во таа смисла конечно ќе биде завршен овој проект со поставување модуларни болници и тие центри ќе се користат не само за третман на ковид пациенти, туку понатаму и за лекување на други пациенти на кои им е потребно таков тип лекување во смисла на централен довод на кислород, најсовремена опрема…, рече Филипче.

Многу од болниците, посочи министерот, ќе добијат опрема каква што досега никогаш немале: ехо апарати, најсовремени дигитални рендген апарати, така што останува здравствениот систем целосно подготвен, а и кадарот исто така. Нагласи дека размислуваат и за другите проекти.

– Продолжува вложувањето во примањата на здравствените работници. Сега добиваат награда сите кои работеа со ковид пациенти, работиме со синдикатите, во здруженијата на анализа на тоа колку и како да инвестираме во делот на примањата, дежурствата. Продолжуваме со опремување на новото крило во болницата во Струмица, болницата „Св Еразмо” во Охрид и Ургентниот центар во Тетово, за што се обезбедни финансиски средства. За првпат магнетна резонанца ќе добијат Струмица, Охрид, Прилеп и Гостивар, истакна Филипче.

Потенцира дека за првпат компјутерска томографија добива Кавадарци, Гевгелија, веќе доби болницата во Струга, а за првпат добива и болницата во Кичево.

– Целокупниот пристап до радиолошка услуга на пациентите кои мораа да патуваат до Скопје во 2021 година ќе биде целосно решен, а ние продолжуваме со проектот за целосно закружување на овој дел на радиолошка услуга, што ќе значи и мамографија и обични рендген апарати, со што пациентите целосната услуга ќе ја добиваат во болниците во регионите кои ги покриваат. Продолжуваме со рационализација на институциите, со фузијата на општите болници со здравствените домови. Очекуваме од помошта согласно договорот со Кина, да стигнат 60 возила за Итната медицинска помош. Тој проект во 2020 година заради кризата се одложи за 2021 година со што конечно ќе се стави крај на тој хроничен со години наназад проблем со недостиг на болнички возила, рече Филипче.

Го решаваме, појасни, проблемот на приватните специјализанти, младите доктори. – Како што почнавме пред две години, им овозможивме платен стаж на сите кои завршуваат Медицински факултет, стаж во кој можат да научат од своите постари колеги, но и во исто време да бидат соодветно платени со цел иднината да ја бараат, да ја гледаат во нашата земја. Сега правиме план за дефинитивно и вработување на неопределено на сите приватни специјализанти, да знаат дека државата се грижи за нив и дека за секој ќе биде обезбедено работно место таму каде живее и сака да работи и да се развива, посочи Филипче.

Тој рече дека интензивно се работи на новиот Клинички центар и додаде дека верувам оти следната година ќе почне со изградба и за период од четири години веќе ќе го има новото крило и граѓаните конечно ќе имаат едно трајно решение кое ќе служи во следните децении за да добиваат висок квалитет на здравствена заштита.

Продолжуваат инвестиции во делот на лековите, истакна министерот и потенцира дека после прочистување на системот и обезбедување оргинални лекови, со сертифкати какви што се бараат во сите европски земји, воведуваат нови инсулини, нови типови инсулини, орални инсулини, не мора да се боцкаат повеќе една група пациенти и ќе примаат најсовремени лекови какви што има во најразвиените европски земји.

– Вакциналниот календар е еден од најмодерните во регионот. Значајно се намалени инфекциите од рота вирусот после воведувањето на рота вакцината, пнеумокната вакцина, а исто така и ретките болести. Речиси двојно е зголемен буџетот од тоа што беше во 2017 година. Нема пациент за кој не е обезбеден лек. Веќе се отвораат нови можности за некакви други генски терапии. Сите процеси и политики ги водиме инклузивно. Вклучени се сите чинители на кои се однесуваат овие политики, здруженијата на пациенти од сите сфери и специјалности, стручните здруженија на лекари кои ја имаат експертиза…, рече Филипче.

Во делот на медицинскиот канабис, појасни, ќе се зголеми листата на дијагнози, заради тоа што се повеќе и повеќе има докази дека помага во една сфера посебно на неуронауката дека огромен број пациенти имаат бенефит.

– Ќе се зголеми и бројот на типови специјалисти кои може да го препишат медицинскиот канабис за употреба, а ќе отвориме широка дебата во општеството и секој еден од чинителите да каже свои мислење и да го следиме примерот на многу развиени земји кои одат во насока на декриминализација за да видиме која е правилната политика за да имаат бенефит и пациентте кои го користат, но и сите други чинители, да се слушне нивниот глас и да видиме со кои проблеми се соочуваат, заради тоа што тоа е едно поле кое може да значи огромен развој во делот на економијата, а во делот на даноците и секторот здравство да може да има дополнителен прилив за да воведуваме нови лекови за ретки болести, инсулини итн., истакна Филипче.

Тој нагласи дека продолжуваат со системот на инвестиции и во луѓето посебно во лекарите и медицинските сестри, во делот на инфраструктурата со реновивање на здравствените установи, нивно опремување, службата за итна медицинска помош…

– Мора сите граѓани да знаат дека институциите се отворени, дека може да го кажат своето мислење, и за пречките со кои се соочуваат во нашите институции да дојдат да ги разрешиме…, додаде министерот Филипче.