Италија се враќа во игра за пехарот на ЕУРО 2020. По мешаницата во казнениот простор на Англија, најдобро се снајде дефанзивецот Леонардо Бонучи кој во 67-ма минута ја смести топката во мрежата на Гордиот Албион. За потсетување, претходно со голот на Лук Шо по само две минути игра Англичаните водеа со 1:0.