Џејн Симор наполни 70 години и како што вели го прифаќа процесот на стареење. Симор изгледа неверојатно, па во разговор со „Newbeauty“ откри која е нејзината тајна за „вечна младост“.
„Се чувствувам исто. Како полуполна чаша. Моето размислување е: – Биди колку што можеш помлада“, сподели актерката, која во понеделникот го прослави својот 70 роденден.
„Не жалам за минатото, но посакувам да можев да и кажам на помладата јас – на таа млада девојка која живееше во Англија каде е облачно и врнежливо поголемиот дел од времето – дека не треба да лежи на сонце со рефлектирачка табла и да се мачка со масло за јадење за време на тие две недели на одмор! “, вели Џејн.
Младешкиот сјај на Симор произлегува од комбинација на здрава исхрана, пилатес, витамини и дневни прошетки на плажа.
„Мислам дека имањето добра кожа е вистинската тајна за да не ви старее лицето“, сподели актерката.
„Користењето ретинол навечер, заштитата од сонцето, користењето на одлична нега за кожата и скоро сè што ме прави да се чувствувам здраво, е најдобрата тајна против стареењето што ја знам“, додава таа.
И додека Симор и во осмата денецнија од својот живот не посегнала по естетски зафати, вели дека не е против обидот за пластична операција.
„До сега не сум правела никакви естетски зафати на лицето, но немам ништо против тоа, ништо. Скоро сите што ги познавам го прават тоа и навистина се воодушевени од резултатите“, вели некогашната Бонд девојка.
„Мислам дека е одлично, и ако почувствувам дека некој може да направи нешто што не би го сменило моето лице, би го направила тоа“, вели таа.
Симор до ден денес водушевува со својата витка фигура и младешки изглед. Актерката во минатото откри дека нејзиниот начин на исхрана се базира на пилешко месо и зеленчук, а како што вели, строгата диета никогаш не и донела многу успех.
„Мојот трик е во умереноста бидејќи кога ќе си кажам: Добро, може да го изедеш тој колач, но не цел, тоа поминува“, вели актерката која својата витка фигура ја одржува и со вежби.