Во овие моментив во Кривичниот суд се одржува рочиште за случајот „Монструм“ каде заврши зборови имаат адвокатите на одбраната, односно на обвинетите. Завршни зборови имаше и адвокатката на оштетените, односно семејствата на убиените кај Смилковското езеро.
Таа рече дека со „бомбите“ не се утврдиле никакви факти, туку само процесот се одолговлекол. Воедно порала дека се приклучува кон кривичен прогон и завршните зборови на обвинителката Фатиме Фетаи која побара доживотна казна затвор за дел од обвинетите.