Семејството Глејзер се одлучило да го продаде Манчестер Јунајтед по жестоките протести на навивачите на овој тим. Британски „Мирор“ тврди дека Американците се обратиле до советниците со намера да ја забрзаат продажбата.
Семејството Глејзер го купи Јунајтед пред 16 години за 900 милиони евра, а денес за клубот бараат дури 5 милијарди евра. Пред една година добија понуда од Азија од четири милијарди евра, но ја одбија.
Семејството Глејзер смета дека Манчестер Јунајтед е најголем клуб во светот и дека економски е исплатлив.