Во изминатите неколку дена медумите шпекулираа дека Антонио Конте ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Дури се спомнуваше и Маурисио Покетино како заменик за Зинедин Зидан. Сепак, „Марка“ тврди дека нов тренер на „Кралевите“ ќе биде Карло Анчелоти.

Наводно застапниците на Анчелоти почнале постапка за раскин на договорот со Евертон, почнале начелни контакти со Реал Мадрид, а сите се надеваат дека се ќе заврши успешно.

Анчелоти беше тренер на Реал Мадрид од 2013-та до 2015-та година, тим со кој освои еден Куп на Кралот, Лига на шампиони, УЕФА супер куп и ФИФА светско клупско првенство, сето ова во сезоната 2013/2014-та.