Заболените од автоимуни болести се во голема дилема дали да се вакцинираат против ковид-19. Ним, генерално, барем засега, не им се препорачува вакцинција, а посебно болните од  Хашимотовиот тиреоидитис, автоимуно заболување на штитната жлезда, поради кое доаѓа до пореметување на имуниот систем.

Марија Гњатовиќ, истажувач во Институтот за применета нуклеарна енергија вели дека генерално, секој кој има сериозен здравствен проблем мора да се консултира со својот лекар пред да се вакцинира.

На пациентите кои имаат Хашимото, не им би им советувала да ја примат вакцината на „Фајзер“. Оваа вакцина не е за помлади од 16 години, руската е наменета за стари над 18 години, но „Спутник 5“ не е за оние кои имаат повеќе од 65 години. Тоа не значи дека ќе им се случи нешто лошо ако ја примат, туку дека уште не е завршена третата фаза од испитувањето со која се докажува безбедноста на примената во овие категории, вели Гњатовиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.