Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 166 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.