Бојко Борисов е однесен во полициска станица во Младост, не е познато дали е однесен за испитување или со мерка 24 часовен притвор, јавуваат бугарските медиуми.
Приврзаниците на ГЕРБ и целата пратеничка група на партијата се упатија кон полициската станица каде што се наоѓа Борисов. Од обвинителството велат дека полициската акција не е координирана со нив.