Српското влијание во Северна Македонија е силно и присутно на сите можни сфери на општеството, а сега е дополнително засилено, со новата стратегија на Србија во Македонија, која е е комбинација на старите цели на Никола Пашиќ и на Гарашанин, спроведени успешно преку титоистички методи, вели Петар Богоевски, државен советник во Министерството за одбрана и претседател на Македонски концепт, во разговор за Тв Шења и порталот zoom.mk коментирајќи ги обвинувањата во одредени македонски медиуми дека државниот секретар на Министерството за одбрана, Драган Николиќ, наводно бил поврзан со српските служби.
„Едно силно хибридно решение кој даде огромен резултат. На пример, премиерот Заев, од премиер кој се бореше како за европска интеграција, силен интегритет на Македонија преку ноќ се претвори во измеќар на Отворен Балкан, што јас го викам Опнат Балкан. После тоа видовме како од вицепремиерот Димитов, кој од силно изразен проевропски политичар, за кој и јас сум бил убеден дека работи проевроски, исто така се претвори во промотер на таканаречениот српски свет на Балканот, која се потпира на старата доктрина на Слободан МИлошевиќ, а тоа е правото на Србија да се грижи за сите Срби кај и да живеат низ Балканот, без да го почитува сувернитетот и интегритетот на слабите држави, како што тие ги нарекуваат Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија“, вели Богоевски во разговорот.
Богоевски тврди дека лично се уверил дека никогаш не бил прогонуван кога застапувал радикални ставови кон Бугарија, или кон Албанија или Грција, но било сесема друго кога ја критикувал Србија.
„Немате проблем со прогонот, немате проблем со такви државни функциониери, како господинот Дражен Николиќ, којшто го спомнавте пред малку, но ако изустите само еден збор против Србија и српското влијание, тогаш по дифолт станувате жртва и се истура врз вас целокупниот систем, кои некои политичари го нарекуваат дип стаејт во Македонија. Тоа е силно српско влијание во Македонија кое за жал е огромен пораз за нас Македонците“, истакна Богоевски.
Повикувајќи се на демантот на пензионираниот генерал Мухамед Рацај, Богеиски не се чуствува комотно да биде колега со Николиќ, кој според него потекнуваат од средини блиски на режимот на Милошевиќ и воениот злосторник Ратко Младиќ.
„Ветингот коишто треба да се спроведе во македонскотјо општество целосно, по ширини и должина, очигледно селективно се спроведува или успешно се прикриваат на одредени луѓе кои се највисоки државни одговорности да го одбегнат тој НАТО ветинг, чија задача е токму тоа, да ги открие и отколони овие аномалии на македонскиот систем, пред се безбедносен систем“, подвлеква Богоевски.
Тој е убеден дека во сите институции на македонската држава има луѓе кои работат спротивно на интересите на македонските интереси и на нашите НАТО партнери.
„Ќе се доведеме во ситуација слично на онаа во Бугарија кога нивниот министер за одбрана немаше пристап во НАТО поради тоа што беше документиран руски соработник. Секојдневно ја нарушуваме довербата меѓу НАТО и Макдонија веројатно резултатот ќе биде сличен на оној во Бугарија ако прордолжиме да декларираме претставници на македонската држава во НАТО структурите, во ЕУ и САД “, потсетува Богоевски.
Според него, руските служби на посреден начин ги шпиунираат НАТО врбувајќи соработници од земји членки на НАТО.
„Тие посредно како претставници на други земји и на позиции како државни секретари, шефови на служби, претставници на НАТО седиштето, како што требаше да биде господинот Секуловски, и тие се посредни соработници на руските служби, кои ги изнесуваат оние информации што се во интерес на Руската федерација“, смета Богоевски. /Zoom.mk