Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во своето вечерашно гостување на телевизија Канал 5 изјави дека не ги прекршил протоколите со своето присуство во ресторанот на еден хотел.
Богдановиќ подвлече дека доставил сите докази дека неговиот престој во хотелот е во согласност со протоколите ги доставил до сите надлежни институции и додаде дека тие треба да одлучат.
„Обврските кои ги имаме како градоначалници некогаш не задржуваат подолго време, не се прекршени никакви законски протоколи. Тоа беше начин да ја оствариме средбата. Некои работи мора да се одвиваат, прво прашавме и ни кажаа дека се е законски“, рече Богдановиќ.