Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг, објави поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
„Чекам денес да се јават сите душегрижници кои коси кубеа за Горан како голем сдсмовец. Истите ги пушти низ вода а посебно подржувачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во Центар. Ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг. Не е ни чудо и претходно менуваше партии. А тоа го покажуваат и бројките за листата за Град Скопје и кандидатот Каја Шукова.
Од машинерија направи моторкултиватор. И тоа само со единствена негова цел и интерес“, објави Богдановиќ.
Текстот Богдановиќ: Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во првиот круг е превземен од МАКФАКС.























